‘Dark Patterns’ (‘Темни Патерни’) се група на децептивни дизајн патерни кои што имаат цел да те измамат со цел да направиш нешто за кое што си немал намера. Целта позади овие залажувачки практики е да се создаде повеќе профит, и поради тоа најчесто овие се појавуваат на веб страни за купување.
Концептот на темни патерни на веб не е нов концепт. Голем дел од овие практики се користеле историски и пред популарноста на веб. Во основата, темните патерни не се ништо поразлично од измамници на улица кои што пробуваат со трикови да ни ги земат парите, најчесто преку пренасочување на нашето внимание. Популарен тип се исто така и инфомерцијалите (‘infomercials’), долгите ТВ ‘топ шоп’ реклами кои што пробуваат да ни ги земат парите преку рекламирање на одредени продукти како одлична зделка само доколку се јавиме одма, истиот момент додека ја гледаме рекламата, или во спротивно ќе ја пропуштиме оваа ‘неверојатна понуда’.
Во денешно време овие темни патерни се многу по развиени и обсмислени, и поради тоа многу е важно да бидеме свесни за нивното постоење со цел да не бидеме измамени

Трик прашање се применува кога се пополнува некоја форма, така што се поставува прашање поставено со цел да дадеме одговор кој што не го сакаме. Најчесто не обрнуваме премногу време на прашањата, и доколку не ги прочитаме пазливо, може лесно да дадеме грешен одговор. Овој тип на патерн користи дупла негација за да не’ збуни. Најчеста форма на ова е кога креираме профил или регистрираме. Познат пример е кога имаме 2 полиња за штиклирање кои што имаат спротивно значење. Првото поле може да има значење да не прифатиме да бидеме додадени на одредена мејлинг листа, а второто поле би било формулирано така што ние да очекува да има исто значење (да не прифатиме нешто), но всушност со штиклирање ние прифаќаме. Пример за користење на Трик Прашање е британската компанија за поштенски услуги, Royal Mail. При регистрација, на корисникот му се прикажува 2 разлилни полиња за избирање. Првото значи дека не сакаме да откажеме, а второт да се приклулиме. Полиња за избор речиси никогаш не се користат за да се откажеме или речеме НЕ за нешто, туку се користат за да се пријавиме за нешто.
Live Example
Овој патерн се користи така што се исмејува и засрамува акцијата на корисникот доколку тој не сака да направи нешто. Пример за ова е Amazon кој што ги исмејува корисниците со реченици ‘No, I won’t want Unlimited One Day Delivery’ доколку тие одлучат дека не сакаат да го користат премиум сервисот за достава на Amazon, Amazon Prime. Најчесто овој метод се користи за да се намами корисникот да се зачлени на некоја мејлинг листа, и за ова има безброј примери
Live Example
Како што кажува самото име, ова има цел да спречи споредба на цена на продукти со други конкурентни веб страни или пак со други продукти во истата страна. Најчест пример за ова е користење на различни методи за одредување на цена. На прмер, еден продукт може да биде одреден како цена по тежина, а друг продукт да биде како цена по група од 3 продукти без да биде наведена нивната тежина.
Live Example
Овој тип на Dark Pattern се појавува најчесто на e-commerce веб-страниците, каде што во нашата кошничка автоматски се додава некој продукт кој што сме немале намера да го купиме, и единствен начин да го тргнеме е преку рачно откажување од тој продукт. Овој патерн е познат и како Negative Option Billing, и е нелегален во рамките на EU.
Live Example
Овој патерн се појавува на e-commerce веб сајтови, каде што има скриени цени кои што не ни се покажуваат се додека не дојде момент за плаќање. При прелистување на сајтот нигде не се спомнати овие скриени цени, и со ова ние веќе трошиме време за да најдеме продукт кој што сакаме. Кога сме веќе кај страната за плаќање, додатни $3 ‘не се ништо’ за некој fee. Пример за ова е порано беше AirBnb, веб страница за изнајмување на апартмани и куќи од други корисници. При пребарување на слободните имоти нас ни е прикажа само цената од ноќ. Одкако ќе ги избереме датумите за нашиот престој, ни се покажуваат скриени цени кои што не ги очекувавме. Исто така овие цени се секогаш различни, така што многу е тешко да се предвиди колку би биле овие скриени цени доколку рачно не проверуваме за секој избран престој. Дополнително, цената за чистење (Cleaning Fee) ја немаат сите вклучено, односно негде е $0. За да се избегне ова, потребно е вкупната цена да биде прикажана секаде. Сепак, AirBnb веќе не го користи овој темен патерн, и сега целосната сума е секогаш прикажа при бребарување.
Live Example
Некои веб сајтови се дизајнирани така што многу лесно не’ ставаат во ситуација од која што е тешко да се излезе. Пример за ова се страници кои што по автоматски ни нудат некоја субскрипција, а потоа ги кријат можностите за излегување или откажување на тоа. Дополнително, овие страници го прават и откажувањето од услугите кои што не ги сакаме тешки. На пример, доколку сме се зачлениле на некоја субскрипција, за да се откажеме не може едноставно да притиснеме дугме за откажување и треба да испратиме писмо по пошта. Се разбира, како и некои други патерни, овој се користи и надвор во рамките на вебот. Многу познат пример во Америка е субскрипција на ‘LA Fitness’, голема мрежа на теретани во Калифорнија. Познати се по тоа што за да се зачлениш едноставно се пополнува лесна форма, но за да се откажеш од субскрипцијата потребно е да пополниш комплицирано барање и да го испратиш по пошта. Потоа, со задоцнување (а можеби и ќе се ‘изгуби’), фирмата ќе ви го процесира и ќе ве откаже од субскрипцијата. Друг пример е следниот Rolling Stones бонус

Ова се реклами кои што изгледаат исти како некој дел од веб сајтот, и често не сме сигурни што е реклама а што ‘навистина’ дел од веб сајтот. Целта е ние несакајќи да кликнеме на рекламата. Најпознат пример за ова е со ‘Download’ реклама, каде што во рекламата има текст кој што наликува на дугме за започнување на Download процес, додека пак вистинското дугме за Download е негде околу рекламата. Многу често кога ќе се кликне на грешното дугме, односно на рекламата, ние превземаме некој AdWare / Malware софтвер наместо тоа што навистина го сакаме.

Овој метод се користи кога корисникот е измамен така што тој очекува да направи една акција, меѓутоа сосема поразлична акција се случува од очекуваното. Најпознат пример за ова е Microsoft со нивниот Windows 10 pop-up. Доколку корисникот кликне на ‘X’ дугмето, со цел да го исклучи прозорецот, тој ќе го прифати упдејтот на Windows 10. Ова придонесе голема контроверзија и се смета за измама, бидејќи историски тоа ‘X’ дугме има акција да го исклучи тековниот активен прозорец. Друга форма на користење на ‘Bait and Switch’ е кога некоја страница рекламира одреден продукт по неверојатно ниска цена, меѓутоа продуктот веќе не е на залиха, и така нас ни се прикажуваат сличлни продукти. Кога веќе сме инвестирале време и гледаме слични продукти за ‘малку повеќе’ во цена, ние сме паднале на оваа мамка. На сликата подоле е прикажан екранот кој што Microsoft го прикажуваа на застарените Windows 7 и Windows 8 оперативни системи, каде што ‘X’ дугмето не значи ‘исклучи го прозорецов’.
Генерално ова е техника која што се употребува во сите Dark Pattern-и бидејќи сите го користат овој трик на некој начин.

Овој патерн се случува кога од вас се бара дозвола која што е маскирана како да има некој позитивен исход, меѓутоа се случува Bait and Switch и се случува спам на вашите пријатели. Најпознат пример е LinkedIn кој што беше приморан да плати $13 милиони долари ($10 од секој корисник) поради тужба во 2015. При креирање на профил на LinkedIn, од вас е побарано да дадете дозола за пристап до вашиот е-mail профил. Причината за ова е маскирана како ‘помош за да изградите цврста мрежа‘, меѓутоа вистинската причина е за да се испрати spam до сите ваши пријатели. На сликата е прикажана збунувачката страница на LinkedIn, каде што доколку се согласиме да дадеме пристап до нашата e-mail адреса, овој спам би се случил